Сојуз на извидници на Македонија
Сојуз на извидници на Македонија е национална извидничка организација и најголемата организација за деца и млади во РС. Македонија. Здружението е основано во 1953 година и има 70- годишно искуство во работа на неформално образование за деца и млади и е наследник на 115-
годишната традиција на Извидничкото движење во земјата. Целта на Сојузот на извидници на Македонија е да ги собере и поддржи активностите на здруженијата во однос на развојот на физичкиот, менталниот, духовниот, социјалниот и емоционалниот потенцијал на младите, согласно
целта на Извидничкото движење.
За Боренка
БОРЕНКА – единствената боенка која враќа живот е најголемата волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја во организација на Сојуз на извидници на Македонија под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целта на Сојузот на извидници на Македонија е да ги собере и поддржи активностите на здруженијата во однос на развојот на физичкиот, менталниот, духовниот, социјалниот и емоционалниот потенцијал на младите, согласно целта на Извидничкото движење

Во последните 5 години, РС. Македонија беше зафатена од повеќе од 500 шумски пожари со финансиска штета од околу 14 милиони евра. Врз основа на предвидувањата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ ќе бидат потребни повеќе од 50 години за да се обнови штетата направена во последните две години на повеќе од 80.000 хектари шумска површина. Во 2020 година се пошумувале 569 хектари, а во 2019 година околу 1000 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Шумите апсорбираат јаглерод диоксид од воздухот и ослободуваат кислород и се, покрај морињата, најголемите производители на кислород. На тој начин тие го ублажуваат ефектот на „стаклена градина“ и помагаат на планетата да преживее. Покрај тоа, шумите ја штитат почвата од ерозија, ги регулираат и одржуваат подземните води, а шумското дно ја прочистува водата за пиење.

Шумите се дом на бројни животни и растенија и исчезнувањето на само еден вид доведува до нерамнотежа во екосистемот. Со исчезнувањето на шумите исчезнуваат и нашите најголеми природни сојузници во борбата против климатските промени. Природата е немоќна да се одбрани и брзо да се обнови, па затоа и е потребна нашата помош.











